Фото: Принтскрин/ Икс

На 117 години имала многу помлади клетки и цревна флора како на бебе: Научниците ја откриле тајната на долговечноста на Марија

Марија Брањас Морера беше најстарата личност на светот пред да почине во Шпанија минатиот август. Таа претходно изјави дека нејзините 117 години се должат на „среќата и добрата генетика“. Последното истражување покажа дека таа била во право.

Студијата за микробиомот и ДНК на старицата, започната додека таа била жива, покажала дека гените што ги наследила им дозволуваат на нејзините клетки да се чувствуваат и да се однесуваат како да се 17 години помлади отколку што всушност се, пишува „Гардијан“.

Микробиотата, цревната флора или главно бактериите во цревата кои играат улога во одржувањето на нивното здравје, делувале како кај бебе, според истражувањето предводено од Манел Естелер, професор по генетика на Универзитетот во Барселона.

Истражувачкиот тим открил дека таа била свесна до самиот крај на својот живот и дека во подоцнежните години страдала само од болки во зглобовите и губење на слухот.

Ова е најсеопфатната студија за телата на луѓе постари од 110 години и може да понуди одредено објаснување за нивната долговечност.

Истражувачите нагласуваат дека водела здрав живот – следела медитеранска исхрана со три јогурти дневно, избегнувала алкохол и цигари, уживала во прошетки и секогаш била во друштво со своите најблиски. Сето ова придонесе да се забави и физичкиот и менталниот пад, нагласија тие.

Марија Брањас Морера е родена во Сан Франциско на 4 март 1907 година, од родители кои потекнуваат од Шпанија и Мексико. Поминала некое време во Тексас и Њу Орлеанс, но семејството се вратило во Шпанија во 1915 година. Таа преживеа време обележано со две светски војни, Шпанската граѓанска војна, пандемијата на шпански грип и пандемијата Ковид-19. Таа самата се зарази со Ковид-19 во 2020 година, но имаше асимптоматски случај и лесно закрепна.

Најстарата личност на светот стана во јануари 2023 година , кога на 118-годишна возраст почина француската калуѓерка Лусил Рандон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот