Фото: МЗШВ

МЗШВ: Земјоделците да аплицираат за дополнителните директни плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува сите земјоделци дека во тек е аплицирањето за дополнителните директни плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година. Напоменуваат дека крајниот рок за поднесување на барањата е до 25 декември 2023 година.

-Како корисници на подмерката 1.7 се јавуваат земјоделски стопанства, кои имаат засадено површини со градинарски култури, и се корисници на подмерката 1.4 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници. Оствареното производство да им е предадено во преработувачки капацитет за зеленчук, директно, или преку еден регистриран откупувач, во период од 26 декември 2022 година, до 25 декември 2023 година, вклучително и произведените градинарски култури, за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи, појаснуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Според МЗШВ, земјоделците барањата ги поднесуваат во електронска форма, со најава во системот, преку линкот „Директни плаќања е-субвенции“, на веб страната од АФПЗРР https://www.ipardpa.gov.mk. Пополнетото барање потебно е да се испечати и потпишано да се достави во писмена форма до АФПЗРР, преку пошта, или директно до архивата на Агенцијата.

-Покрај аплицирањето за мерката 1.7 земјоделците можат да аплицираат и за мерките „Мерка 1.3 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион“, „Мерка 1.5 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници“, „Мерка 1.9 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за остварено производство на овошје“, „Мерка 1.10 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за овошје предадено во преработувачки капацитети“, „Мерка 1.13 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12. за остварено производство на грозје“ и „Мерка 2.20 Директни плаќања за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед“, се вели во денешното соопштение од Министерството за земјоделство, шумарство, и водостопанство.

Од МЗШВ упатуваат апел до сите земјоделци навремено да ги пополнат барањата и да аплицираат, остварувајќи го правото за дополнителни директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот