Депонија / Фото: МИА

МЖСПП подготви нацрт на Национална стратегија за управување со отпад

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) подготви нацрт на Национална стратегија за управување со отпад (НСУО) за периодот 2024-2036 година. Стратегијата, како што велат од Министерството ја претставува националната политика за управување со отпад во Северна Македонија и претставува почетна точка за подготовка и имплементација на интегриран и економичен систем за управување со отпад усогласен со националното и ЕУ законодавство и барања за отпадот.

– НСУO ги поставува насоките за правилно управување со цврст отпад (УЦО) за следните 12 години заснован на принципите на одржливост и служи како основа за управување со сите текови на отпад. Општата цел на НСУО 2024 – 2036 е да развие одржлив, интегриран систем за управување со отпад со цел зачувување на ресурсите, заштити на здравјето на населението и превенција и намалување на негативните влијанија врз животната средина, намалување на емисиите на стакленички гасови и деградацијата на земјиштето – појаснуваат од МЖСПП.

Со цел вклучување на јавноста, биле организирани шест јавни расправи во земјата во Тетово, Штип, Струмица, Охрид, Битола и Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот