
МВР поднесе кривична пријава за поранешен директор на ПИОМ
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Д.Б од Тетово кој во минатото бил директор на Фонд на пензиското и инвалидското осигурување поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како што информираат од МВР, во периодот од 19.02.2022 до 17.03.2023, Д.Б кога ја вршел функцијата директор на Фондот за ПИОСМ, пријавениот во име на фондот склучил повеќе договори за дело и договори за извршување на самостојна работа со шест физички лица, постапувајќи спротивно на член 25 ст.1 од Закон за спречување на корупција и спротивно на одредбите од членовите во склучените договори.
– Имено, пријавениот и покрај тоа што знаел дека ангажираните лица не ги извршувале доверените работни задачи, предвидени во склучените договори, а ниту пак фондот водел евиденција за редовност, во повеќе наврати извршил исплати на парични средства на трансакциски сметки на физичките лица во вредност која била утврдена во склучените договори. На тој начин, пријавениот Д.Б. овозможил лицата да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 1.387.558 денари или 22.525 евра на штета на Фондот за ПИОСМ, односно Буџетот на Република Северна Македонија, се подвлекува во соопштението од МВР.