Скопје, огномети за Нова година 2019/20 година / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Музичарите сами организираат прослава на новогодишната ноќ, Град Скопје не успеа да организира дочек

Градот Скопје оваа година не организира традиционален дочек на Новата година на градскиот Плоштад, но музичарите самоиницијативно одлучија да приредат новогодишна забава за граѓаните.

По недостигот на официјални информации од Град Скопје како ќе се прослави новогодишната ноќ, Здружението на естрадни уметници „Естрада” покрена иницијатива да биде организатор на новогодишната забава.

Според најавите, на новогодишната забава ќе настапуваат познати музички имиња од македонската естрада како што се, Мерак Меана, Наум Петрески, Благица Павловска, Ферус Мустафов, Зуица Лазова, Ленче и Горан Кукиќ Елена Ристеска и други.

Досега Градот Скопје бил организатор на прославата на градскиот Плоштад на којшто во изминатите години настапија познати музички имиња од македонската и странската сцена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот