Фото: AS Roma

Мурињо доби одлично засилување, Хусем Оар е нов играч на Рома

Поранешниот француски репрезентативец Хусем Оар кој важеше за еден од најталентираните играчи за врска на „триколорите“ денес потпиша договор со Рома со важност до 2025.

Оар кој има 24 години во Рим пристигнува од Лион како слободен играч. Неколку клубови се обидуваа да го ангажираат, но на крајот во трката победи тимот на Жозе Мурињо.

„Навистина сум среќен што потпишав за Рома, доаѓам во голем клуб со огромна историја. Мислам дека Рома е вистинскиот потег во мојата кариера, тука видов одличен проект со квалитетни играчи и уникатни навивачи“, изјави Оар.

За првиот тим на Лион Оар дебитираше во 2017 година и од тогаш одигра 179 натпревари постигнувајќи 30 гола со уште 24 асистенции. Во новата сезона тој ќе го носи дресот со број 22.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот