Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо/фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Мурал со ликот на Мурињо по неговото враќање во Бенфика

Жозе Мурињо повторно доживеа голем момент во својот роден Португалија, по враќањето на клупата на Бенфика по цели 25 години.

Неговиот пат кон врвот не бил едноставен. Поранешниот наставник по физичко образование од Сетубал никогаш не се прослави како фудбалер, иако неговиот татко, Феликс Мурињо, бил професионален голман и дури забележал настап за репрезентацијата на Португалија во 1972 година.

Жозе рано се насочи кон тренерската работа – прво со младинците на Викторија Сетубал, потоа како асистент во Естрела Амадора и скаут во Оваренсе. Клучен момент во неговата кариера беше 1992 година, кога стана преведувач на легендарниот англиски тренер Боби Робсон во Спортинг Лисабон. Мурињо потоа го следеше Робсон во Порто и Барселона, каде стекнуваше искуство и од Луј ван Гал.

Големата шанса ја доби во септември 2000 година – токму од Бенфика, која му укажа доверба откако Јуп Хајнкес беше отпуштен. Тоа беше почеток на една од најславните тренерски кариери во модерниот фудбал. Петнаесет години подоцна, Португалската фудбалска федерација го прогласи за „Тренер на векот“.

Сега, четврт век по неговото прво доаѓање, Мурињо повторно е на кормилото на Бенфика. Во негова чест, уметникот Стаилер изработи впечатлив мурал во Лисабон, на кој Мурињо е прикажан заедно со орелот Виторија – маскотата на клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот