
Мукаетов го најави спектаклот на 3-ти јануари: Да ги поздравиме нашите јунаци, се надевам на полна сала!
На 3-ти јануари очите на македонската спортска јавност ќе бидат вперени кон ракометниот спектакл кој ќе биде испраќање на македонските ракометни легенди.
Препорачано
Настанот ќе се одржи под името „Сите ѕвезди“, а денес се одржа прес-конференција на кое свое обраќање имаше и претседателот на РФМ Живко Мукаетов.
„Влегувам во десеттата година од мојот мандат на чело на РФМ. Голем дел од играчите беа во зенитот на кариерите. Дел од нив сега не се активни, а на нивно место дојдоа нови генерации. Тие беа некогаш нивни идоли, сега ги заменија во репрезентацијата. Ова ќе биде одлична можност да се заблагодариме на 20 Македонци кои со полно срце и поственост ги бранеа боите на нашата држава Македонија и репрезентацијата. Ова ќе биде интересен настан да се види.
Ракометарите заслужуваат многу повеќе, поради Ковид-19 не можевме да им се заблагодариме порано за се што даваат и давале за Македонија. Сакам да ги поканам сите оние кои може да дојдат, затоа што мислам дека ни следи еден прекрасен настан. Би сакал да се заблагодарам и на уметниците кои не пратат на овој настан. Овој настан ќе биде хуманитарен, сите средства ќе одат во СОС „Детското село“. Целта ни е да собереме некаде околу еден милион денари. Досега се продадени 4.500 билети, останаа уште 1.500, се надевам дека салата ќе биде полна“, изјави Мукаетов.
Покрај квалитетен ракомет настанот кој ќе се пренесува и на МРТ ќе настапт музички ѕвезди како: Дац и Александар, Кики, Некст тајм, Меморија…