Гарбине Мугуруза во финалето беше подобра од Анет Контавеит/ фото: EPA-EFE/Francisco Guasco

Мугуруза е првата шпанска тенисерка со триумф на завршниот ВТА мастерс

Шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза ја освои титулата на завршниот ВТА мастерс кој се играше во Гвадалахара, Мексико, откако во финалето беше подобра од Естонката Анет Контавеит во два сета.

Мугуруза за 99 минути игра со 6:3,7:5 ја совлада Контавеит и стана првата шпанска тенисерка која е победничка на завршниот мастерс.

Мугуруза која е петта на ВТА ранг-листата, од понеделник ќе напредува и годината ќе ја заврши како трет светски рекет, додека Контавеит со пласманот во финалето го обезбеди седмото место.

Мугуруза до победата дојде со две идентични серии од освоени четири гема по ред. Во првиот сет, при водство на Контавеит од 2:3, Мугуруза ги освои наредните четири гема за 6:3 и водство од 1:0, додека во вториот сет надополни негатива од 3:5 и годината ја заврши во голем стил.

– Мислам дека ова е најдобрата година за мене. Можеби не освоив грен слем турнир, но длабоко верувам дека бев многу среќна и смирена, а помалку драматична. Многу сум среќна поради тоа – изјави Мугуруза по победата.

Во игра на двојки, титулата ја освоија чешките тенисерки Барбора Крејчикова и Катерина Синиакова кои во финалето со 6:3,6;4 ја совладаа тајванско-белгиската двојка, Су-Веј Сје – Елиз Мертенс.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот