Муцунски со македонската дијаспора во Швајцарија

Муцунски во Женева: Дијаспората е важен мост меѓу државите и чувар на идентитетот и вредностите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој престојува во работна посета на Швајцарија, се сретна со македонската дијапосра. Тој учествуваше и се обрати на настан по повод Денот на независноста – 8 Септември, организиран за македонската дијаспора во овој дел на Швајцарија.

Во своето обраќање, министерот Муцунски ја потенцираше суштинската и незаменлива улога на македонската дијаспора во градењето на мостови помеѓу државите, истакнувајќи дека тие се чувар на идентитетот и вредностите на нашата земја.

„Изразувам искрена благодарност за сите иницијативи, проекти и активности што произлегуваат од македонската дијаспора во Швајцарија. Како Влада, остануваме посветени на унапредување на врските со Македонците ширум светот – институционално, но и преку конкретни иницијативи“, истакна Муцунски.

Настанот беше можност за директна размена на идеи и мислења со претставници на македонската заедница во Швајцарија, за нивната поголема вклученост во креирањето на политики и за зајакнување на институционалната комуникација со матичната држава, информираат од кабинетот на Муцунски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!