Тимчо Муцунски / Фото: МНР

Муцунски на Советот за човекови права на ОН: Промоцијата и заштитата на човековите права се темел на нашата држава

Заштитата и промоцијата на човековите права се темел на нашата надворешна политика, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во обраќање на 58-та сесија на Советот за човекови права (СЧП) на Обединетите нации во Женева.

Во своето обраќање, како што соопшти Министерството, Муцунски посочил дека Советот за човекови права е најзначајниот форум за справување со предизвиците кои го попречуваат остварувањето и заштитата на основните човекови права и слободи ширум светот. Тој нагласил дека почитувањето на демократските принципи, човековите права, човечкото достоинство и владеењето на правото се универзални вредности што мора да бидат почитувани од сите. Истовремено, ја потврдил посветеноста на државата кон постигнување на највисоките стандарди за заштита на човековите права и нивна доследна имплементација на национално ниво.

– Промоцијата и заштитата на човековите права, како и посветеноста кон јакнење на мултилатералната соработка за нивно почитување и заштита, се темел на надворешната политика на нашата држава. Остануваме посветени на заштитата на човековите права и слободи, со посебен фокус на правата на жените и децата, заштитата на лицата со попреченост, како и борбата против сите облици на дискриминација и спречување на нивните нарушувања – истакнал Муцунски.

Тој додал дека Македонија, како членка на Советот за човекови права во периодот 2025-2027 година, ќе остане цврсто посветена на заштитата на човековите права и на соодветното справување со нивните нарушувања, без разлика каде тие се случуваат.

Како член на Советот, остануваме посветени на заштитата на човековите права и соодветното справување со нивните нарушувања, без разлика каде се случуваат, нагласил Муцунски, додавајќи дека Советот за човекови права останува клучна платформа за дискусија и справување со предизвиците што го доведуваат во прашање уживањето на човековите права и слободи на глобално ниво.

– Ова е можност што не смееме да ја пропуштиме, доколку сакаме поефикасно и одговорно дејствување за Агендата за човекови права – заклучил Муцунски во обраќањето.

На Високиот сегмент на 58-та сесија на Советот за човекови права, кој ќе трае од 24 февруари до 4 април, учествуваат шефови на влади и држави, како и министри за надворешни работи. Главната цел на сесијата е реафирмирање на важноста на работата на Советот и неговите механизми за целосно справување со предизвиците што влијаат врз уживањето на човековите права и слободи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот