фото: facebook/F.C Voska Sport

Му се одземаат девет бодови на ФК Воска Спорт, казнети Нефи Усеини и Арбри Клодиан

Фудбалскиот клуб Воска Спорт АД се казнува со одземање на девет бодови од вкупниот број на освоени бодови во тековната натпреварувачка сезона од Прва МФЛ и парична казна од 2.500 евра поради напуштање на натпреварот со ФК Вардар АД во рамки на 28 коло од Прва МФЛ, стои во одлуката на Дисциплинската комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Воска Спорт се казнува и со парична казна во износ од 5.000 евра поради слаба организација на споменатиот меч.

Нефи Усеини, претседателот на Воска Спорт се казнува со забрана на вршење на функција во траење од две години и парична казна во износ од 1.500 евра.
Дисциплинската мерка е изречена поради наговарање, односно повикување за повлекување на екипата на Воска Спорт на натпреварот против Вардар.

Тренерот на Воска Спорт, Арбри Клодиан е казнет со две години забрана за вршење функција, додека капитенот на екипата, Агон Хани, доби казна – забрана за настап еден месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот