фото: kfsm.mk

МТЕЛ останува генерален спонзор на македонската кошаркарска Супер лига – мажи

Со особена чест и гордост, МТЕЛ ја најавува продолжената соработка со Македонската кошаркарска федерација и останува генерален спонзор на Супер лига – мажи и за претстојната натпреварувачка сезона 2025/2026. Оваа одлука не е само формалност, туку потврда на нашата длабока верба дека спортот е темел на заедништвото, здрав дух и инспирација за новите генерации.

Водени од највисоките светски стандарди за општествена одговорност и од вредностите вградени во корпоративниот дух на Телеком Србија Групацијата, МТЕЛ останува цврсто посветен да биде двигател и поддржувач на хуманитарни, спортски и општествени иницијативи кои носат вистинска промена.

За МТЕЛ, вложувањето во спортот не е само спонзорство – тоа е инвестиција во иднината на нашата заедница. Кошарката, како еден од највозбудливите и најпопуларните спортови во земјава, има моќ да инспирира, да обединува и да поттикнува личен и тимски развој. Токму затоа, со радост ја продолжуваме оваа приказна, верувајќи дека секој натпревар и секоја победа се и наши заеднички успеси. изјавуваат од МТЕЛ.

Кошаркарската федерација на Македонија ја изразува својата искрена благодарност кон МТЕЛ за довербата и континуираната поддршка – не само оваа година, туку и во минатото. Во време кога поддршката за спортот може да биде непостојана, особено значи кога имаме партнер кој верува во нашата мисија и останува со нас низ годините- изјавија од Кошаркарската Федерација.

Покрај спортот, МТЕЛ останува посветен на поддршка на културни настани, образовни проекти и општествено одговорни иницијативи кои носат реални и позитивни промени. Нашата мисија е да бидеме активен партнер во изградбата на поубаво и посилно општество, преку секој проект, секоја идеја и секое вложување.

– Гледајќи напред, веруваме дека најдобрите моменти допрва доаѓаат. Со нетрпение очекуваме уште повеќе заеднички проекти, исполнети спортски сали и публика која со страст и љубов ја бодри својата екипа – објавија од федерацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот