николас кејџ
Фото: EPA/ETIENNE LAURENT

Мрачната тајна од пропаднатиот брак со Лиза Мари Присли: „Николас Кејџ ѝ го фрли вереничкиот прстен вреден 65 илјади долари во океан“

Присила Присли, вдовицата на Елвис Присли, откри детали за бурната врска на нејзината ќерка Лиза Мари и актерот Николас Кејџ.

Тие ја започнаа романсата во 2000 година, се венчаа две години подоцна, но неколкупати раскинуваа. Разводот го финализираа во 2004 година.

Во своите мемоари, Присила го споменува свршеничкиот прстен кој Николас ѝ го подарил на Лиса, опишувајќи го како „впечатлив дијамантски прстен од шест карати, вреден 65.000 долари“. Таа се присети и на инцидентот кога Кејџ истиот прстен го фрлил во океанот.

„Едно попладне пловеле покрај брегот на островот Каталина со јахтата на Ник. Нешто предизвикало нова епска расправија, па Лиса го извадила прстенот и го фрлила кон него. Разбеснет, Ник го фрлил прстенот во морето“, напишала Присила.

По кавгата, Николас повикал нуркачи да го пребараат подрачјето, но прстенот никогаш не бил пронајден.

„Колку што знам, прстенот сè уште е таму“, додала таа.

Подоцна, Кејџ ѝ подарил уште поголем прстен, од десет карати, и двајцата повторно се свршиле.

Иако парот повеќепати се смируваше, љубовната приказна заврши во 2004 година со официјален развод – трет брак за Лиса. Претходно таа беше мажена за Дени Кио, со кого ги доби синот Бенџамин и ќерката Рајли, како и за музичарот Мајкл Џексон.

Присила во мемоарите проговори и за врската на Лиза со Мајкл Џексон, велејќи дека била „згрозена“. Го нарекла Џексон „манипулативен маж“.

„Знаев длабоко во себе дека Мајкл не се жени за Лиса Мари, тој се женеше за династијата Присли“, истакнала таа.

По разводот од Кејџ, Лиза Мари се омажи за Мајкл Локвуд, со кого ги доби ќерките Харпер и Финли. Тие се разделија во 2021 година, а Локвуд доби целосно старателство врз децата по смртта на Лиза во јануари 2023 година, на 54-годишна возраст, поради компликации предизвикани од опструкција на тенкото црево.

Николас Кејџ, пак, пред Лиза беше во брак со Патриша Аркет, а по нивниот развод стапил во брак со Алис Ким и со Ерика Којке. Денес е во брак со Рико Шибата, со која ја има ќерката Огaст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот