
МПЦ-ОА доби уште еден Архимандрит во своите редови
Македонската православна црква – ОА, доби уште еден Архимандрит во своите редови. Јеромонахот Доситеј од Бигорскиот манастир, доби архимандритски чин на Литургијата за Иванден, на која служеа Дебарско-кичевски Митрополит г. Тимотеј, во сослужение со Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, и со Епископот Антаниски г. Партениј, како и со игуменот на Беровскиот манастир г. Фотиј. На истата литургија Бигорската Обител доби уште еден јеромонах. Станува збор за Отец Анатолиј, кој беше ракоположен во возвишениот свештенички чин, објави порталот „Религија“.
Препорачано
– Ја користам оваа прилика на отецот Доситеј да му го честитаме одликувањето од страна на САС на МПЦ-ОА со достоинство на архимандрит, кое ќе го носи како почесно достоинство, останувајќи собрат на оваа обител како и досега. Му посакуваме ова достоинство да го носи за просперитет на овој манастир и за спасение на неговата душа. На новоракоположениот јеромонах Анатолиј, во името на собраќата свештенослужители и од свое име му посакуваме ревносно служење на Црквата Божја и духовно растење во христијанските добродетели. Свештеничкиот чин, пак, да го носи во служба на Бигорскиот манастир и на братството, за афирмација на МПЦ и за спасение на неговата душа. По охридски – носи го достоинството со бел образ, изјави наделжниот Митрополит г. Тимотеј.
Целиот текст прочитајте го овдe.