Фото: Управа за извршување санкции / Фејсбук

Мотоциклист од Скопје е тешко повреден, го удрил автомобил возен од 21-годишна девојка

32-годишен мотоциклист е тешко повреден во судир со автомобил во скопската насеба Козле, соопшти МВР.

„На 24.8.2025 во 16:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Леринска“ и ул.„Козле“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота јарис“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната Е.А. и мотоцикл, управуван од Е.А.(32), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот