Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Ви препорачуваме
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Мото ГП: Алекс Маркез ја запиша првата победа во кралската класа
Возачот на Гресини, Алекс Маркез, ја освои својата прва победа во кариерата во кралската класа откако триумфираше на Големата награда на Шпанија, петтата трка од сезоната во шампионатот на Мото ГП.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Помладиот Маркез, кој претходно четири пати беше на највисокото место на подиумот во класата Мото3, како и осум пати во Мото2, ја постигна победата во својата 93 трка во најсилната класа.
Шпанскиот мотоциклист победи со секунда и пол предност пред Фабио Квартараро од Јамаха, кој се врати на подиумот за прв пат од средината на октомври 2023 година и трката во Индонезија.
На третото скалило од подиумот се искачи возачот на Дукати, Франческо Бањаја, кој заостануваше шест и пол десетинки.
Трката на патеката Ангел Нието беше обележана и со голема грешка на осумкратниот светски шампион Марк Маркез, кој излета од патеката во третиот круг. Претходно, постариот Маркез се бореше за второто место со својот соиграч, кој возвраќаше по секој напад, а имаше и контакти.
По првото место, Алекс Маркез се врати на врвот во генералниот пласман и сега има 140 бодови, еден бод повеќе од неговиот постар брат Марк Маркез, додека Бањаја е трет со 120 бодови.
Светскиот шампионат продолжува со Големата награда на Франција во Ле Ман од 9 до 11 мај.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
52мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5