Графички приказ за состојбата на терен во Укрина - Извор, Институт за проучување на војни ISW

Москва планира да ја освои Одеса преку Молдавија

Поранешниот советник на кабинетот на украинскиот претседател, Олексиј Арестович, изјави дека Русија наводно разгледува стратегија за заземање на Одеса и Николаев „преку Молдавија“, поддржувајќи ги проруските сили таму и подготвувајќи сценарио за отворање „молдавски фронт“, објави Газета.ру.

Во објава на својот Телеграм канал, Арестович нагласи дека Кремљ не може да ја постигне својата главна цел – ослабување на Украина и зајакнување на нејзиниот југозападен блок – без да го отсече Киев од Црното Море. Според него, новите воени задачи на Русија ги вклучуваат Херсон, Николаев и Одеса.

 

-За да заштеди време, пари и ресурси, Русија одлучи да „пристапи одзади“ – преку Молдавија“, рече Арестович.

Тој тврди дека логиката на планот е да се отстрани претседателката Маја Санду од функцијата преку државен удар во парламентот и елиминација на проевропското мнозинство.

Олексиј Арестович – поранешен член на кабинетот на Зеленски – Извор Youtube

Во тој случај, верува Арестович, руските сили би добиле можност да спроведуваат операции од територијата на Молдавија – од акции на мали саботажни групи до поголеми рации, вклучително и акции во самата Одеса.

Арестович претходно предупреди на, како што рече, слабеењето на украинскиот фронт и потребата двете страни да направат отстапки за да се постигне траен мир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот