Руско и украинско знаме/ Фото: ЕПА

Москва не гледа смисла сега да се зборува за самитот Русија-Украина-САД

Додека Киев не даде разумен одговор на предлозите на руската страна, прерано е да се зборува за одржување самит во формат на трилатерален состанок меѓу Русија, Украина и Соединетите Американски Држави, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

„Ако нема здрав, трезен, разумен одговор на овие наши сигнали, тогаш има уште помалку основа да се зборува за некаков трилатерален формат“, нагласи Рјабков, пренесува ТАСС.

Сергеј Рјабков
Сергеј Рјабков / EPA-EFE/THOMAS PETER / POOL

 

Тој додаде дека рускиот претседател Владимир Путин претходно рекол „исцрпено е сè што било потребно во однос на контактите со украинскиот претседател Володимир Зеленски“.

На прес-конференција по посетата на Кина на почетокот на септември, Путин рече дека е подготвен да го покани Зеленски во Москва доколку е подготвен за средба.

Украинскиот претседател ја отфрли понудата за време на прес-конференцијата со францускиот претседател Емануел Макрон, пренесе агенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот