Нуклеарната централа Фукушима Даичи со резервоарите со радиоактивна вода - Фотографија ЕПА, ТЕПКО

Морската средина близу Фукушима ќе се анализира – ќе учествуваат и експерти од Кина

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска соопшти дека почнувајќи од следната недела со меѓународни експерти, меѓу кои и експерти од Кина, ќе спроведе анализа на морската средина во близина на уништената нуклеарна централа Фукушима.
Кина, жесток противник на испуштањето на прочистена радиоактивна вода од енергетскиот комплекс во морето, воведе целосна забрана за увоз на морска храна од Јапонија веднаш по започнувањето на испуштањето вода во август минатата година.

Во меѓувреме, јапонската влада постојано го повика Пекинг да ја укине забраната Активностите за мониторинг и проценка на животната средина ќе бидат спроведени од понеделник до 15 октомври од страна на тим од научници и експерти на МААЕ од лаборатории во Кина, Јужна Кореја и Швајцарија.

Меѓународните експерти ќе обезбедат независна потврда за способностите на Јапонија за следење на животната средина како дел од мисијата, која ќе земе примероци од морска вода и морски седимент, риба и алги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот