
МОРНИЧАВАТА иранска Инстаграм-ѕвезда заврши зад РЕШЕТКИ поради БОГОХУЛИЕ
Властите во Иран ја уапсија Инстаграм-ѕвездата која се прослави по многу пластични операции со која драстично го промени својот изглед, објави агенцијата „Тасним“, а пренесе британски „Гардијан“.
Препорачано
Ѕвездата на социјалните мрежи позната како Сахар Табар била приведена на барање на судскиот Совет на Техеран, кој работи со „културолошки криминални дела и морална корупција“.
Таа се соочува со обвиненија за богохулие, вклучувајќи насилство, заработка на пари на несоодветен начин и охрабрување на младите да се однесуваат коруптивно, информираше иранската агенција.
Табар се прослави на Инстаграм минатата година, откако објави серија на фотографии од нејзиниот лик на кои се забележува драстичната промена на изгледот со пластични операции.
Поголемиот дел од фотографиите и видеата кои ги објавува за нејзините следачи се радикално изменети за таа да личи на холивудската ѕвезда Анџелина Џоли.
Инстаграм е единствената социјална мрежа која е дозволена во Иран. Фејсбук и Твитер, како и апликацијата за комуникација Телеграм се официјално забранети.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5