Маја Морачанин, претседателка на ДОМ/Фото: Слободен печат

Морачанин: Бараме средба со Ковачевски за работните групи за изборниот модел

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин во изјава за „Слободен печат“ вели дека не разговарале со премиерот за работни групи за една изборна единица и најави дека ќе  побараат средба со Ковачевски.

-Немаме информации за работните групи кои ги најави премиерот. За нас е важно за нашиот закон, кој веќе 10 месеци е во Собранието да се отвори дебата. Местото за расправа за една изборна единица е токму во Собранието, да знаеме на што сме, дали една изборна единица е прифатлива или не. Откако предлогот ќе биде ставен на комисиска расправа, ќе се отвори и јавна расправа на која ќе бидат повикани парламентарни и вонпарламентарни партии, ОБСЕ/ОДИХР, експертите, невладините организации. Ако има работни групи, тогаш тие да бидат за нашиот предлог закон, во спротивно се ќе се разводни – смета Морачанин.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!