
Монтана прва во САД го забрани „Тикток“, сопствениците ја тужат државата за кршење на слободата на говор
Монтана стана првата сојузна држава во САД што ја забрани популарната кинеска апликација и социјална мрежа „Тикток“, а основачите на платформата најавија дека ќе ги тужат властите во државата бидејќи забраната, според нив, го прекршува правото на слобода на говор од американскиот Устав.
Препорачано
Републиканскиот гувернер на државата, Грег Џанфорте , потпиша указ за закон со кој им забранува на продавниците за мобилни апликации да го нудат „Тикток“.
Новиот закон забранува преземање на апликацијата во државата и ќе го казни секој „субјект“ – продавница за апликации 10.000 долалри, секогаш кога некому „ќе му се понуди можност“ да пристапи до платформата за социјалните медиуми или да ја преземе апликацијата. Казните нема да важат за корисниците.
Мерката треба да стапи на сила од 1 јануари 2024 година и се очекува да биде оспорена законски.
„Тикток“ е во сопстеност на кинеска технолошка компанија која е под интензивно истражување за можно шпионирање на корисниците, односно за преземање и користење на нивните лични податоци. „Тикток“ постојано ги отфрла овие обвинувања.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
55мин
-
57мин
-
59мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5