„Монструм“ продолжува после Велигден

Судијата Огнен Ставрев кој го води процесот „Монструм“ денеска беше отстутен, па рочиштето е одложено за 6 мај. На следното рочиште треба да се сослушаат сведоци предложени од одбраната. Адвокатот Насер Рауфу денеска изјави дека го откажува полномошното на обвинетиот Агим Исмаиловиќ, бидејќи обвинетиот немал пари повеќе да го ангажира.

Како што е познато, доживотна казна им е пресудена на Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута, а ообвинетиот Сејди Рами доби ослободителна пресуда поради немање докази.

Пред две години, Врховниот суд ги укина тие пресудите, а обвинетите излегоа од притвор.

Масакрот кај Смилковското езеро се случи на 12 април 2012 година кога Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски беа убиени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот