Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Монмартр „се гуши“ од туристи: Жителите на Париз бараат ограничувања по Олимпијадата
Жителите на парискиот кварт Монмартр сè погласно протестираат против прекумерниот туризам, кој дополнително се засили по Олимписките игри во 2024 година. Според нив, напливот од посетители сериозно го нарушува секојдневниот живот, го преоптоварува јавниот простор и ја поткопува локалната заедница.
Препорачано
Минатата година, како што пишува Ројтерс, регионот на Париз го посетиле 48,7 милиони туристи, од кои околу 11 милиони го посетиле Монмартр – најчесто поради панорамскиот поглед од базиликата „Свето срце“. Локалците велат дека нивниот кварт се претвора во „туристички забавен парк“.
„Луѓето доаѓаат на три часа, купуваат беретка и јадат палачинка, како да се во Дизниленд“, изјави Ана Ронуди, претседателка на здружението „Живот во Монмартр“, за Ројтерс.
Организацијата бара ограничување на туристичките групи на максимум 25 лица, како и повисок туристички данок. Во меѓувреме, традиционалните месарници и продавници за сирење исчезнуваат, а на нивно место никнуваат тезги за сладолед и брза храна.
Градските власти веќе презедоа мерки – максималниот број денови за изнајмување на примарен дом преку платформи како Ер-Би-Ен-Би е намален од 120 на 90 дена. Но, цените на кириите и недвижностите продолжуваат да растат, а Монмартр се менува од жив кварт во туристичка атракција, предупредуваат жителите.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
22мин
-
32мин
-
36мин
-
42мин
-
56мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5