Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Монфис на 38 години се пласираше во осминафиналето во Мајами и испиша историја

Францускиот ветеран Гаел Монфис обезбеди место во осминафиналето на Мастерсот во Мајами откако во третото коло со 2-1 во сетови беше подобар од Хауме Мунар.

Монфис со победата освен што дојде до осминафиналето успеа да испише и историја како највозрасен учесник кој успеал да стигне до четвртото коло на овој турнир. Монфис и Мунар одиграа еден изедначен дуел, а тоа го покажува и резултатот во сетовите (7-5, 5-7, 7-6).

Во осминафиналето Монфис ќе се соочи со Себастијан Корда кој претходно го елиминираше грчкот тенисер Стефанос Циципас и тоа со 2-0 во сетови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!