Печатење учебници/Фото: МОН

МОН: Сите учебници навремено ќе бидат испорачани до училиштата

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во соодветните одделенија, информираат од Министерството за образование и наука (МОН).

-Втора година по ред печатењето и испораката на учебниците се реализира навремено, а секое училиште ќе го добие тиражот кој го има побарано преку посебната електронска апликација на Министерството за образование и наука.Обезбедени се и учебници по странските јазици, за прв пат после седум години во кои недостигаа, а наставниците и учениците самостојно се снаоѓаа со литература – се вели во соопштението.

Нови учебници со унапредена содржина, се додава, има и за седмо одделение во основното образование и за прва година во гимназиско образование, каде започнува примената на нови наставни програми. Над 100 нови наслови ќе бидат достапни и за учениците од средните стручни училишта, потенцираат од МОН.

Сите надлежни институции, органи и тела кои учествуваат во постапката за обезбедување учебници, доследно и навремено ги исполниле своите должности, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот