Архива на

МОН: Наставата од деновите на гласање ќе се надомести во работни денови

Училиштата сепак нема да ги одработуваат саботите поради пропуштената настава на деновите на изборите 24 април и 8 мај и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ во Скопје. Наместо во сабота, училиштата ќе треба наставата да надоместат во работни денови, соопшти Министерството за образвание и наука.

– Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците – соопшти МОН.

Учебната година ќе заврши според предвиденото – за средношколците на 10 јуни, а за основците на 17 јуни.

„Потребно е да го зачуваме најдобриот интерес на учениците, а тоа подразбира тие во целост и квалитетно да ја совладаат предвидената наставна материја“, велат од МОН.

Минатата недела МОН ги извести училиштата дека часовите од 24 април ќе бидат одработени во сабота, на 18 мај, а часовите предвидени за 8 мај ќе бидат одработени во сабота, на 1 јуни. Неработниот 30 ноември поради одржувањето на Самитот на ОБСЕ во Скопје требаше да го одработат на 15 јуни.

Според МОН, овие денови мора да се одработат поради Законот за основно образование, според кој наставата во улебната година се остварува со 180 наставни денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот