Фото: Pexels / Kaboompics.com

Момче од Кина завршило во болница, откако учело 14 часа без пауза

Во кинескиот град Чангша, главен град на покраината Хунан, евидентиран е вознемирувачки случај кој повторно го привлече вниманието кон притисокот на кој се изложени учениците.

Неименуваниот 11-годишник завршил во болница откако учел и пишувал домашни задачи 14 часа без пауза – од осум часот наутро до десет часот навечер, објавува „Одити централ“.

Што се случило?

Доцна навечер, момчето одеднаш имало проблем со здравјето – се вознемирило, почнало брзо да дише, се пожалило на вртоглавица, главоболка и вкочанетост во рацете и нозете.

Во паника, неговите родители го однеле во болница, каде што лекарите препознале респираторни проблеми и симптоми на хипервентилација.

Медицинските експерти објасниле дека оваа состојба е резултат на пребрзо и предлабоко дишење, предизвикано од емоционален стрес и притисок. Симптомите вклучуваат стегање во градите, вртоглавица, слабост и вкочанетост на екстремитетите, а во потешки случаи може да има вкочанетост на мускулите или грчеви во прстите.

Не е изолиран случај

Централната болница во градот Чангша наведува дека ова не е изолиран случај. Само во август, службата за итни случаи за деца примила повеќе од 30 малолетници со слични симптоми, што е десеткратно зголемување во споредба со претходните месеци.

Како главни причини се наведуваат прекумерното учење, стресот поради испити и долготрајната употреба на мобилни телефони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот