Фото: EPA / Dumitru Doru

Молдавија останува на европскиот пат – владејачката партија ПАС победи со голема разлика

Проевропската партија Акција и солидарност (ПАС) победи на изборите во Молдавија освојувајќи речиси половина од гласовите на граѓаните кои го дадоа својот глас, покажуваат официјалните резултати на Државната изборна комисија.

Од околу 92 проценти од гласовите кои се преброени, ПАС со 46,52 проценти е во убедливо водство пред прорускиот „Патриотски блок“, кој има 26,69 проценти од гласовите.

Повеќе од 1,5 милиони Молдавци излегоа на гласање на клучните парламентарни избори, а тие бираа меѓу продолжувањето на патот кон членство во Европската унија или свртување кон Русија, во услови на бројни извештаи за обиди за мешање на Кремљ во изборната кампања.

Гласачките места се отворија во 7 часот наутро по локално време во земјата која има „прва линија“ на поглед кон војната во соседна Украина.

Владините претставници предупредија за обиди за нарушување на гласањето, вклучувајќи сајбер напади врз изборната инфраструктура и лажни закани со бомби во текот на денот на гласачките места во Молдавија и во странство.

„Русија вложува максимални напори да ги поништи овие избори“, изјави советникот за национална безбедност Станислав Секриеру за Политико, наведувајќи „невидени“ инвестиции во купување гласови, дезинформации генерирани од вештачка интелигенција засилени од мрежите на тролови и подготовки за улични протести.

Непосредно пред изборите, во земјата во голема полициска акција беа уапсени десетици луѓе кои наводно планирале напади и саботажи на денот на изборите. Тие, според извештаите, биле тренирани во камп за обука во западна Србија, финансиран од Русија.

Експерт: Ако српските служби не знаеле за рускиот камп, тоа е катастрофално, а ако знаеле – крајно катастрофално

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот