Фото: Unsplash

Моќта на минералите во хималајската вода: Повеќе енергија во текот на денот

Ја нарекуваат „течна сончева светлина“ или попучарно позната како „Sole water“. Можеби поради боите на зајдисонцето, а можеби и поради енергијата која ја дава. Фасцинантниот, а едноставен микс обична вода со хималајска сол ќе го подигне вашиот организам на едно ново енергетско ниво, пишува „Healthline“.

Постои неисцрпен потенцијал на енергија кога ќе се комбинираат водата и солта. Па, самите океани се доказ за тоа. Бескрајните лековити својства на океанските солени води и убавината на здравиот и чист морски воздух се приказна за завидување. Како да го внесете солениот бран во вашето здравје, ако не на најквалитетниот можен начин? Благодарение на хималајската сол која во себе содржи 84 минерали, сега можете да ги донесете океанските благодети во вашата кујна.

Освен што обичната готварска сол можете да ја замените со хималајската која многу истражувања ја признаа за значително поздрава, хималајската сол во комбинација со обичната вода раѓа одличен микс на јонизирани минерали кои ќе ви го подобрат здравјето, ќе ви ја вратат енергијата и ќе овозможат спречување на некои непријатности како што е на пример: мигренската главоболка.

Ваквата моќна комбинација е една од најдостапните, а притоа најздрави начини за подигање на енергијата. Оваа едноставна комбинација е нарекувана и „течна сончева светлина“.

Начин на подготовка е многу едноставен:

  • Во поголема тегла, ставете хималајска сол
  • Додадете вода, доволно да се покрие солта.
  • Оставете да стои нешто повеќе од 8 часа.

Во текот на ова отстојување, позитивните јони на натриумот и негативните јони на хлорот од солта ги обиколуваат водните молекули и на тој начин ја менуваат хемиската структура и на водата и на хималајската сол. Освен овие два, и останатите 82 минерали на солта се јонизираат и создаваат нови структури. Ваквата симбиоза е една сосема нова димензија за целосна интергрирана и длабинска 24 часовна енергија.

Наутро, пред да појадувате, земете една мала лажичка од растворот, додајте ја во чаша вода и испијте. Секако со оваа комбинација треба да бидете внимателни доколку имате проблеми со пристисокот и други хронични заболувања. Омбинацијата се препорачува за здрави лица и се препорачува да се применува краток временски период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот