билки
Фото: Pexels

Моќна мешавина од две здрави состојки: Ја елиминира желбата за нешто слатко!

За време на празниците секој од нас си дозволуваше да си ја развесели душата каснувајќи си нешто плус. По добриот ручек или вечера, многумина посегнуваат по нешто благо.

А се чини, дека празничната еуфорија и „дојадувањето“ на сите деликатеси (особено оние во блага форма) ќе нè држи цел јануари. Тоа неминовно води до зголемување на телесната тежина.

ленено семе

Желбата за шеќер понекогаш е многу тешко да се надмине и ретки се оние кои одлучно знаат да кажат „не“ кога ќе им се понуди нешто благо.

Постои природен, здрав начин со чија помош може лесно да ја надминете потребата за шеќер. Оваа маѓична мешавина од две состојки ќе ви помогне.

каранфилче

Сè што ви е потребно се 100 гр. ленено семе и 10 гр. каранфилче. Ставете во блендер, додека не добиете смеса во прав, или лененото семе и каранфилчето купете ги во мелена форма од некоја продавница за здрава храна.

Наутро земајте по 2 еднакви супени лажици секој ден и истата постапка повторувајте ја три дена. Прашокот можете да го додадете во варена храна, јогурт или ќефир, а потоа испијте чаша топла вода.

Направете пауза од 3 дена. Потоа повторете сè одново.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот