Авионска несреќа во Индија / Фото: EPA-EFE/SIDDHARAJ SOLANKI

Моди за авионската несреќа во Индија: Невозможно е да се опише со зборови што чувствуваме

Индискиот премиер Нарендра Моди, во своите први изјави за падот на авионот на „Ер Индија“, зборуваше за веста што ја шокираше цела Индија.

„Трагедијата во Ахмедабад не запрепасти и натажи. Ни го скрши срцето. Во овој тажен час, моите мисли се со сите погодени од него. Биле во контакт со министрите и властите кои работат на помош на погодените“, напиша премиерот на Икс.

Во меѓувреме, министерот за здравство на земјата зборуваше за „многу луѓе“ кои ги загубиле животите, без да даде бројки.

Сепак, непотврдени информации зборуваат за најмалку 130 мртви, без да се знае кои од нив биле во авионот, а кои на земја.

Авионот падна врз станбена зона

Авионот се упатил кон аеродромот Гетвик, како што објави „Ер Индија“, додека локалните полициски власти разјаснија дека се урнал во станбена зона во близина на аеродромот. Според претседателот на Федерацијата на индиски медицински здруженија авионот се урна во просториите на Медицинскиот колеџ и Граѓанската болница во Ахмедабад.

„Зградата врз која се урна е медицински дом… Веќе исчистивме околу 70% до 80% од областа и наскоро ќе ги завршиме операциите“, изјави за новинарите висок полициски службеник.

Според Ројтерс, во авионот имало вкупно 242 лица, вклучувајќи 217 возрасни и 11 деца. „Ер Индија“ соопшти дека меѓу патниците имало 169 Индијци, 53 Британци, седум Португалци и еден Канаѓанец.

Станува збор за Боинг 787-8 Дримлајнер, еден од најмодерните патнички авиони, како што објави мрежата за следење на летови Flightradar24.

„Моментално собираме информации и ќе бидат објавени дополнителни информации “, соопшти Ер Индија во објава на својата платформа Икс. „Повредените се однесени во најблиските болници“.

Телевизиските мрежи објавија дека несреќата се случила кратко по полетувањето, кога авионот достигнал висина од околу 190 метри. Едно од видеата го прикажува авионот како полетува над станбена област, исчезнува од видното поле, а потоа огромен столб од оган се издига кон небото.

Сликите од местото на настанот покажуваат горечки остатоци, додека густ црн чад ја покрива областа во близина на аеродромот. Снимките покажуваат спасувачки екипи како носат повредени лица на носилки и ги одведуваат со амбулантни возила.

Според контролорите на летање на аеродромот во Ахмедабад, авионот полетал од пистата 23 во 13:39 часот по локално време (08:09 GMT). Кратко потоа, тој испратил сигнал „Мејдеј“ што укажува на вонредна состојба, но немало понатамошна комуникација.

Летот AI171 на Ер Индија требало да полета од меѓународниот аеродром Сардар Валабхаи Пател во Ахмедабад во 9:50 часот по локално време, според FlightRadar24. Авионот изгубил контакт во 10:08 часот по локално време, покажаа податоците за следење на летот.

ВИДЕО | Авион на „Ер Индија“ со 242 патници се урна во Ахмедабад

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот