Мнозинството Полјаци се против членството на Украина во НАТО

Мнозинството полски граѓани се противат на евентуалното пристапување на Украина во НАТО, но би го поддржале нејзиното членство во Европската Унија, според најновото истражување на јавното мислење на агенцијата ИБРИС, спроведено за дневниот весник „Жечпосполита“.

Анкетата покажува дека 52,7 проценти од испитаниците се против пристапувањето на Украина во НАТО, додека 33,5 проценти го поддржуваат таков чекор. Гласачите на проевропската влада на премиерот Доналд Туск имаат најголема поддршка за членството на Украина во Алијансата – 59 проценти, додека поддржувачите на опозицијата во голема мера се против оваа опција, со дури 74 проценти негативни одговори, објавува „Еурактив“.

Иако владата на Доналд Туск силно ги поддржува евроатлантските амбиции на Киев, новиот претседател на Полска, Карол Навроцки, кој е поддржан од опозициската партија „Право и правда“ (ПиС), изрази скептицизам во врска со кандидатурата на Украина за членство во НАТО.

Од друга страна, кога станува збор за Европската Унија, 51 процент од Полјаците го поддржуваат пристапувањето на Украина, што е малку под европскиот просек од 52 проценти, според најновото истражување на Евробарометар.

Според овие резултати, највисоко ниво на поддршка за пристапувањето на Украина во ЕУ е забележано во нордиските и балтичките земји – во Шведска дури 91 процент, во Данска и Финска по 81 процент, во Литванија 72 проценти, Латвија 64 проценти и Естонија 61 процент. Најголем број противници се наоѓаат во Унгарија и Чешка, каде што 64 проценти од испитаниците се изјасниле против членството на Украина во ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот