МНК ИКОМ одржува советување на тема „Моќта на музеите“

Здружението Македонски национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ), во рамките на своите активности од 1994 година до сега, а по повод одбележување на 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите, организира годишни Советувања во согласност со предложени теми на Меѓународниот комитет на музеите – ИКОМ.

Согласно ваквата востановена пракса на МНК ИКОМ, оваа година советувањето е на тема „Моќта на музеите“ и се одржува во НУ Музеј на Република Северна Македонија, на 18 мај 2022 година.

Советувањето е поддржано од Министерството за култура на Република Северна Македонија, во рамките на Годишната програма за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2022 година, а на отворањето на советувањето присуствуваше и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

На Советувањето на тема „Моќта на музеите“, кое е во организација на МНК ИКОМ, присуствуваат голем број музејски професионалци од земјава, а по четиринаесетти пат се доделени и традиционалните награди „18 Мај – Меѓународен ден на музеите“ за особени достигнувања во музејската дејност за 2021 година. Доделувањето на наградите е поттик за музеите и за музејските работници за понатамошната работа и ангажирање, со цел постигнување на највисоките стандарди на квалитет во музејската дејност.

Добитници на наградите „18 Мај – Меѓународен ден на музеите“ за особени достигнувања во музејската дејност за 2021 година се следните:

– Награда во категоријата Музеј на годината – ЈУ Музеј на град Скопје

– Награда во категоријата Музејски проект на годината – НУ Национална галерија на Република Северна Македонија, за проектот „Димче Коцо – Јубилеј 110 години од раѓање“

– Награда во категоријата Музејски работник на годината на Јасминка Намичева, кустос советник од ЈУ Музеј на град Скопје

– Награда во категоријата Надворешен музејски соработник на УМНО.мк

– Награда во категоријата Надворешен музејски соработник на Бојана Јанева за проектот „Најново нормално“

Добитници на пофалница во категоријата Музеј на годината – НУ Музеј на современата уметност – Скопје; во категоријата Музејски проект на годината – Музејот на Народната банка за проектот „Видеобелешки на Музејот на Народната банка“; и во категоријата Музејски проект на годината – Славица Крстиќ за проектот „Цркви и манастири во Жеглигово“.

Пред почетокот на советувањето беше отворена изложбата под наслов „Гозби за живите, претците, боговите и светците“, организирана од страна на НУ Музеј на Република Северна Македонија, како и одбележување на јубилејот 20 години Македонски национален комитет на „Синиот штит“, известија од МНК ИКОМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот