Младиот хрватски иноватор Мате Римац го презеде Бугати, иднината е во електричните автомобили

Угледниот деловен весник Фајненшал тајмс денеска ја објави веста за преземањето на Бугати од страна на хрватскиот бизнисмен и иноватор Мате Римац.

„Тоа е договор кој ја цементира позицијата на Римац како етаблирана сила во автоиндустријата. Нова компанија ќе се вика Бугати Римац и ќе ја води Мате Римац, кој компанијата ја основаше во 2009 година во својата гаража и оттогаш стана еден од најбараните технолошки иноватори во индустријата“, пишува Фајненшал Тајмс.

Фактот дека Бугати ќе ја контролира специјалист за електрични автомобили е голем исчекор за Бугати, компанијата позната по своите гласни хиперавтомобили и мотори со 16 цилиндри.

Но напредокот на технологијата на батерии доведоа до постигнување на брзина која не може да ја достигнат ниту најнапредните возила на погон со мотор со внатрешно согорување, наведува ФТ наведувајќи го примерот со Невера на Римац која треба да биде најбрзиот сериски автомобил некогаш произведен, титула која дотогаш ја држеше Бугати Чирон.

Римац, како што пренесува ФТ рече дека до крајот на декадата Бугати ќе произведе целосно електричен автомобил, но дотогаш ќе се фокусира на хибридни модели.

„Можеме да имаме две паралелни, целосно различни производни линии“, рече Римац кој Бугати го спореди со швајцарските часовници, а Римац Автомобили со часовниците на Епл, наведува ФТ.

Инаку, компанијата на Римац станува мнозински сопственик на Бугати и покрај Римац Автомобили се трансформира во Римац Група поделена на две компании – Бугати Римац и Римац Технолоџи.

Набрзо по веста за преземањето, шефот на Римац и новата компанија Бугати Римац, младиот Мате Римац на Фејсбук објави фотографија на која се двете возила Невера  и Бугати Чирон. Третиот автомобил е Порше. Не напиша ништо покрај оваа моќна фотографија за новите перспективи на компанијата на чие чело ќе застане.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот