фото: rkvardar.com.mk

Младинскиот португалски репрезентативец Нилтон Мело две години во РК Вардар

Младинскиот репрезентативец на Португалија, Нилтон Мело (19) го засили Вардар откако потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“.

Игра на позиција лев бек и треба да биде поддршка за Стефан Петриќ и Марко Мишевски кои играат на истата позиција во тимот. Претходно Вардар потпиша и со Кубанецот Хансер Микел Родригер кој може да игра на три позиции (лево крило, лев бек и среден бек)

Младиот Нилтон потекнува од Спортинг Лисабон, но во борба за минутажа често настапувал како позајмен ракометар. Изминатава сезона играше во португалското првенство за Викторија во чиј дрес имаше настап на 24 натпревари.

Нилтон ги помина лекарските прегледи и веќе неколку денови тренира со тимот, и ќе продолжи со подготовките за новата сезона. Покрај Скопје, тимот заминува за Маврово каде ќе остане повеќе денови и ќе собира сила пред да почне да игра контролни средби.

Покрај Нилтон Мело, за Вардар досега потпишаа и Кубанецот Хансер Микел Родригез, Стефан Петриќ, Марко Срдановиќ и Матија Николиќ.

Официјално: Хансер Микел Родригез потпиша за РК Вардар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот