фото: kfsm.mk

Младен Ѓуроски е именуван за потпретседател на македонската кошаркарска федерација

Управниот Одбор на македонската кошаркарска федерација, предложен од страна на претседателот Томе Главчев на изборното Собрание на КФСМ, ја одржа првата седница, која беше и со конститутивен карактер.

Согласно со предвидениот дневен ред, членовите на Управниот одбор донесоа голем број на одлуки со кои се дефинира понатамошното работење на федерацијата.

Прифатен беше предлогот како членови на Управниот Одбор на КФСМ да бидат именувани Александер Павлов, Никола Митревски, Норик Селими, Савица Неделковска, Драган Иванов и Тане Димовски, додека како членови по автоматизам беа прифатени: Боро Смилковски, претставник од Прва лига-мажи, Јордан Цветановски, претставник од Прва лига-жени, Благоја Кечовски, претставник од Втора лига-мажи, Владимир Свртинов, претставник од Трета лига-мажи, Владимир Огњановски, претставник од младински лиги, и Александар Јончевски, како претставник од Здружението на кошаркарски тренери на Македонија.

На предлог на претседателот Главчев, одборниците го изгласаа и именувањето на Младен Ѓуроски за нов потпретседател на КФСМ.

Во наредниот период, односно мандат на новото раководство, „прв оперативец“, односно генерален секретар ќе биде Томче Стојчевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот