Фото: Инстаграм/Тамара Грујеска

Младата пејачка Тамара Грујеска вечерва ќе настапи на Санремо Јуниор: „Настапот ќе им го посветам на настраданите во Кочани“

Младата пејачка Тамара Грујеска (14) вечерва ќе настапи на годинашниот Санремо Јуниор во Санремо, Италија. Нејзиниот настап на 16. издание на овој реномиран фестивал за талентирани деца ќе биде во легендарниот театар Аристон во Санремо од 21 часот. Изведувачите ќе ги придружува оркестарот на фестивалот Санремо, составен од 32 музичари.

„По настапот на Детскиот избор за песна на Евровизија во Ница, Франција повторно стапнувам на голема светска сцена. Ќе ја пеам во живо со евровизиската победничка песна ‘Rise Like A Phoenix’. Многу сум возбудена и покрај сè она што се случи во нашата земја и се надевам дека ќе ја добијам поддршката. Вечерашниот настап го посветувам на настраданите и нивните семејства во немилиот настан во Кочани. Ќе пеам за сите нив и во нивна чест“, изјави Грујеска за МИА.

Фото: Инстаграм/Тамара Грујеска

Таа е македонската претставничка на овој престижен фестивал, во конкуренција на учесници од Казахстан, Белорусија, Франција, Јужна Африка, Црна Гора, Молдавија, Индонезија, Бугарија, Австралија, Италија, Украина, Бразил, Германија, Аргентина, Азербејџан, Финска, Узбекистан, Индија, Австрија, Романија, Русија, Тајланд, Ерменија и Малезија.

Во досегашната кариера, Грујеска е добитничка повеќе значајни награди на фестивали во Русија, Србија, Грција.

За овој настап, таа се подготвуваше со нашата поп пејачка и музички педагог, Андријана Јаневска.

Грујеска има закажано повеќе настапи за годинава, меѓу кои и на фестивалот во Естонија „Tallin Voice 2025“ од 1 до 5 мај и на „Musicland“ во Битола и Охрид 13 до 17 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот