Тетово Болница/фотографија: „Слободен печат“/ Слободан Ѓуриќ

Млад тетовец нападнал медицинари што му укажувале помош, може да оди во затвор три години

Жител на тетовското село Теарце е уапсен откако нападнал двајца вработени во Клиничката болница во Тетово, кои му укажувале медицинска помош, соопшти МВР.

„На 13.04.2025 во 22:45 часот во Ургентен центар при Клиничка болница Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Б.(23) од с.Теарце, тетовско, постапувајќи по претходна пријава дека физички ги нападнал Б.М.(32) од Тетово и Ф.И.(21), вработени во Клиничка болница Тетово, додека му укажувале помош. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок“, пишува во полицискиот билтен.

Нападот врз здравствени работници, според измените во Кривичниот законик направени пред неколку години, претставува напад врз службено лице, кривично дело за кое максималната пропишана казна затвор е три години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот