Лисици
Апсење / Фото: МИА

Млад охриѓанец фатен на дело како краде „Клио“ на полноќ

Тинејџер од Охрид рано утрово е уапсен откако полицајци го фатиле додека се обидувал да украде автомобил, соопшти МВР.

„На 22.09.2025 во 01:00 часот, на улицата „Даме Груев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода М.Р.(18) од Охрид. Тој бил затекнат при обид за одземање на патничко моторно возило „рено клио“ со охридски регистарски ознаки, кое било оставено незаклучено на паркинг на истата улица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот