Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Млад актер сними интимна сцена со Натали Портман и призна: „Беше досадно“

Актерот Чарлс Мелтон во интервју за „Variety“ откри дека процесот на подготовка за снимање на интимна сцена со Натали Портман во романтичната драма на Нетфликс од 2023 година, „Пролет есен“, бил „иритирачки“ и напорен.

– Натали, режисерот Тод Хејнс и јас се сретнавме за да разговараме за сцената и да се увериме дека на сите им е удобно. Имаше неколку разговори за протетика, за тоа што е реално, а што не. И тој ден морав да ја носам таа протеза девет часа – открил тој.

– Ништо не испив ниту тоа утро ниту претходната вечер. Тоа беше досаден процес, но сепак полн со почит – призна тој.

„Пролет есен“ е базирана на реален, контроверзен скандал што ја шокираше јавноста пред 20 години. Филмот е инспириран од вистинската приказна за американската учителка Мери Кеј Летурно која сексуално го злоставувала својот 12-годишен ученик Вили Фуалау. Поранешната учителка на крајот се изјаснила за виновна, а Летурно и Фуалау се венчале во 2005 година, откако била ослободена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот