Јован Митрески потпретседател на Собрание Фото: Слободен печат

Митрески: ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ се лицемери, гласаа против решавање на статусот на бранителите

Пратеникот од СДСМ, Јован Митрески рече дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ денеска покажале дека се против решавање на статусот на бранителите.

Изјавата следува откако беше одбиен неговиот предлог на дневен ред на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања да се стави разгледувањето на прашања во врска со спроведувањето на Деловникот на Собранието од страна на претседателот на Собранието во врска со примената на член 126 став 3 и давање на мислење за разрешување на спорните прашања во врска со т.н. закон за бранители и неговото не ставање на дневен ред на Комисијата за труд.

„Ако досега се криеја зад Африм Гаши, денес го покажаа вистинското лице. Денес пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ гласаа „против“ на дневен ред да биде ставена точка со која ќе се задолжи претседателот на Собранието Африм Гаши да закаже седница за да се реши статусот на бранителите. Само пред неколку месеци како тогашна опозиција блокираа важни закони и го условуваа нивното донесување со Законот за бранители. Еве ги сликите кои што ги покажуваа тогаш на јавноста кога поднесуваа амандмани со кои се блокираа закони се додека не се донесе Законот за бранители. Денес тие исти пратеници кои тогаш носењето на други закони пред носењето на Законот за бранители го нарекуваа политичка шизофренија, денес тие истите го блокираат Законот за решавање на статусот на бранителите“, рече Митрески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот