Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка, во гостување на ТВ 24

Митовски за загадувањето на Крива Река: Инспекторите ја штитеа фирмата наместо граѓаните

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во вечерашната дебата на ТВ „24“ зборуваше за случајот со рудникот „Тораница” и институционалното постапување поврзано со еколошкиот инцидент и загадувањето на Крива Река со цијанид, арсен, олово и други опасни токсични материи.

„Ако имавме држава, Тоневски ќе беше на обвинителна клупа, а не да дебатира со мене на медиум. Мојата одлука за правење на анализите на водата се засноваше единствено врз потребата на заштита на граѓаните. Во една таква ситуација, како прв човек на општината, кога гледате дека системот и државните институции не функционираат, неопходно и неминовно беше да застанам во одбрана на моите сограѓани”, рече Митовски, укажувајќи на несоодветното функционирање на системот и институциите.

Митовски истакна дека во соопштението од Државниот инспекторат за животна средина било наведено дека се работи за технолошки води, но без соодветни анализи. Тој посочи дека во целата постапка не се земени предвид сите инспекциски методи и дека и институциите директно излегле во одбрана и заштита на компанијата „Булмак 2016″, која стопанисува со рудникот „Тораница“.

„Сметаме дека Државниот инспекторат е застанат директно во одбрана на приватната компанија. Поразително е за сите нас кои довербата ја црпиме од граѓаните да бидеме во функција на заштита на нечиј приватен или бизнис интерес”, додаде Митовски.

Во однос на обвиненијата кон него, рече: „Јас бев обвинет, кога го повикав Државниот инспекторат да си ја работи работата, дека се имам ставено во функција на државен инспектор. Извинете, ама јас се ставив во функција само на заштита на граѓаните кои ми ја дале довербата.” – рече Митовски.

Градоначалникот исто така укажа и на потребата од поширока институционална реакција:

„Самата прекршочна пријава која ја изрекува Државниот инспекторат не е решение на проблемот. Решение е поопсежна инспекциска анализа, во која ќе се наложи испитување на почвата, реката, сè што е неопходно за да биде заштитено здравјето на граѓаните.” – заклучи градоначалникот на Крива Паланка.

Крива Река затруена со олово, арсен и цијанид откако пукнала цевка во рудникот „Тораница“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот