Васил Рингов / Фото: Слободен печат / Методиј Здравев

Митови и факти | Рингов: Ме уапсија во Струмица за бесплатно да потпишам во Вардар

Во 4-тата епизода од поткастот Митови и фактти гостува прославениот македонски фудбалер Васил Рингов.

Тој често се спомнува како столбот околу кој се градеше некогашниот тим на Вардар, кој во 80-тите години од минатиот век стана една од најсупешните и најсилните екипи во Југославија.

Но, Рингов не е само фудбалер, односно неговите интересни приказни се инспирирани од неговиот немирен дух и тежнеењето да се дружи со разни типови на луѓе, од кои најголемиот дел немаат врска со спортот.

Во Митови и факти тој говори за својата кариера, но и за непријатностите што ги има со Удба (тајна полиција), со разни функционери и чиновници во клубовите во кои настапувал, како и открива што е мит, а што е факт во врска со него, но и во врска со приликите што во тоа време владејат во Вардар.

– Седнав во Тетекс и за пет минути договорив. Стан во Скопје вика, го памтам прекрасен претседател, некој првоборец, генерален, Стојан Горчески се вика. Ти си паметно момче, му викам во Скопје факултет запишав, ќе те запослиме стаж да ти оди. Како викам? Они правеле и на други фудбалери, ама мене „оти си паметно момче“, потпишав решение, ми дадоа референт за трикотажа – вели Рингов.

Тој открива и на каков начин бил доведен во Вардар, кога наместо да влезе во преговори со првите лица на тимот, тој бил уапсен во својот дом во Струмица и однесен во Скопје да се потпише во Градскиот фудбалски сојуз, каде бил заведен како нов играч на црвено-црните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот