Фото: ФК Пелистер

Митко Стојковски повеќе не е претседател на ФК Пелистер

Вчера официјано заврши сезоната во Првата македонска фудбалска лига, а по натпреварот на Пелистер оставка од функцијата претседател на битолскиот клуб поднесе Митко Стојковски.

Стојковски во своето образложение ги наведе и причините поради кои заминува од клубот.

„„Заминувам од позицијата претседател на клубот и во иднина ќе бидам најголем навивач на Пелистер. Ќе останам само до транзициониот период кога ќе биде назначен новиот претседател. Главната цел според предвидениот буџет – опстанокот и стабилизацијата на клубот во Првата лига ја остваривме. Сепак, втората цел, која е финансиска стабилност на клубот не ја остваривме.

Една од причината за моето заминување е и непочитувањето кон клубот на тие што треба да го бодрат и во најтешките моменти. Му посакувам само успеси на клубот во иднина“, соопшти Стојковски.

На местото претседател Стојковски дојде во јануари 2023 година кога клубот беше во второлигаш, а под негово водство се врати во најсилното друштво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот