
Митарењето кај кучињата не мора да биде кошмар оваа есен, еве што помага
Златните ретривери и другите раси со густо крзно носат многу радост, но и предизвик – митарење. Наместо да дозволите нивното крзно да ве излуди, со неколку трикови можете да ја поминете оваа сезона без стрес.
Препорачано
1. Инвестирајте во квалитетни четки
Најдобриот сојузник за време на сезоната на опаѓање на влакна се добрите четки. Користете четка за подвлакното барем еднаш неделно, и правете го тоа на отворено бидејќи количината на влакна може да биде неверојатна. Покрај тоа, „помазна“ четка за површинското крзно е корисна за секојдневно одржување. Повеќето кучиња уживаат во тоа, па четкањето станува можност за дополнително разгалување.
2. Капете го вашето куче на паметен начин
Иако кучињата не треба да се бањаат премногу често, тоа може да помогне за време на опаѓањето. По капењето, користете фен за коса со ладен воздух – насочете го во насока на чешлање и гледајте како паднатите влакна исчезнуваат.
3. Хранете го вашето куче со квалитетна храна
Здравата исхрана е видлива и во крзното. Храната богата со хранливи материи го прави крзното сјајно и цврсто, додека евтината храна со многу полнила може да предизвика сува кожа и зголемено опаѓање.
4. Набавете добра правосмукалка
Без разлика колку се трудите, влакната ќе завршат на подот. Моќната правосмукалка може многу да го олесни чистењето. Безжичната правосмукалка е одлична за брзо дејство, додека роботската правосмукалка може да ги одржува вашите подови чисти секој ден, дури и кога не сте дома.
5. Размислете за вашиот мебел
Ако купувате нов мебел, изберете материјали што се отпорни на влакна. Кожата е полесна за одржување од ткаенината. Ако имате ткаенина, ќе ви бидат од корист прекривки што можат редовно да се перат – особено за време на сезоната на паѓање на влакната.
6. Секогаш држете ролер за влакна при рака
Кучињата често оставаат траги на вашата облека. Ролерот за влакна е најдоброто решение – држете го на дофат и користете го пред да излезете од дома.
7. Прифатете ги фактите
Ако сте избрале раса што многу се митари, прифатете го како дел од вашата дневна рутина. Не е секогаш лесно, но љубовта и посветеноста што ви ја дава вашето куче далеку го надминуваат проблемот со паѓањето на влакната.