Фото: Министерство за одбрана

Мисајловски на средба со семејствата на загинатите бранители

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска се сретна со семејствата на загинатите бранители и претставници од Здружението на семејствата на загинатите припадници на македонските безбедносни сили, „Херои на Македонија 2001-2015“.

Како што соопштија од Министерството, за време на средбата се разговарало за прашања важни за семејствата на загинатите бранители.

– Министерот истакна дека грижата за семејствата на бранителите ќе продолжи и дека со заедничка соработка со Здружението „Херои на Македонија 2001-2015“, достојно ќе се негува и чува споменот на македонските херои, се наведува во соопштението – соопштија од Министерството.

Фото: Министерство за одбрана

Мисајловски истакнал дека „Она што македонските херои го оставиле за Македонија, секогаш треба да остане во срцата на сите нас“.

Мисајловски додал дека ќе се заложи за поддршка и помош на секое семејство, во рамки на законските можности.

Претседателот на здружението „Херои на Македонија“, Владо Стојановски, пак, се заблагодарил за организацијата на настанот на кој се одржала отворена дискусија за предизвиците со кои секојдневно се соочуваат семејствата, а со тоа се оддава почит на бранителите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот