Мис Германија Хелена Блајхер / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Мис Германија ја прогласија за најубава, па ѝ ја одзедоа круната: Поради овие зборови, Хелена остана без титулата!

На Магали Бенеџам, која ја претставуваше Аргентина на изборот за Мис Универзум минатата година, неодамна ѝ беше одземена титулата откако тврдеше дека натпреварот, одржан во ноември, бил наместен. Сега избувна уште еден скандал, а главна актерка е Хелена Блајхер, Мис Универзум Германија 2023, која исто така остана без круната.

Организацијата Мис Универзум Германија издаде соопштение кое предизвика шок во земјата. На Хелена Блајхер ѝ е одземена титулата што ја освои во 2023 година, а одлуката стапува на сила – веднаш. Која е причината, се прашуваат германските медиуми…

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Helena Bleicher (@helenamarlen)


Сега поранешната Мис Универзум Германија 2023 е обвинета за „клеветнички изјави“ и „непочитување“, наведува германски „Билд“. Причината за конфликтот е, најверојатно, коментарот што Хелена го оставила на Инстаграм во ноември 2024 година, по тогашниот избор, кога победи претставничката на Данска, Викторија Кјер Тејлвиг.

Како и секогаш на вакви натпревари, конечниот исход предизвика безброј контроверзии и дебати. Во една дебата, корисниците на кои им се допадна убавата Викторија од Данска, го опишаа нејзиниот триумф како „конечен крај на будното лудило“. Мис Универзум Германија се приклучи на дискусијата и напиша, меѓу другото, дека не треба сè да се сведува само на изгледот, што некои го протолкуваа како критика кон натпреварот.

Исто така, во интервју за „Келнер Штадтанцајгер“, Хелена Блајхер им порачала на девојките дека треба да учествуваат на избори за убавина само ако се ментално стабилни и ги предупредила да не се подложуваат на естетски корекции откако ќе се пријават.

Во соопштението се истакнува и дека поранешната Мис Универзум предизвикала значителна штета на брендот. Покрај тоа, 26-годишната Германка беше обвинета за „кршење на основните вредности на натпреварот, како што се професионализмот, лојалноста и достоинството“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Helena Bleicher (@helenamarlen)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот