
Миовски ќе игра со специјализирани копачки во чест и сеќавање на настраданите во Кочани
Македонската фудбалска А репрезентација денеска од 20.45 часот против Велс ќе го игра својот втор натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026.
Препорачано
Нашите најдобри фудбалер стартуваа успешно со гостинскиот триумф во Вадуц над Лихтенштајн (3:0), а еден од стрелците беше играчот на шпанскиот клуб Жирона, Бојан Миовски.
Миовски на денешниот дуел ќе носи специјализирани копачки во чест и сеќавање на загинатите во пожарот во Кочани.
– Секој човек има своја приказна и секој човек има свое животно патување. Навраќајќи се во моето детство додека ги држев моите први копачки, се сетив дека кажав нешто што длабоко посакував:
„Еден ден со цело срце ќе играм за мојата земја“ и еве ме, по многу години, играм за Македонија, мојата земја, бисерот на Балканот.
Овие специјализирани копачки имаат исклучително значење, со свето нешто – моето национално знаме и иницијалите на моето семејство..
На денешниот натпревар за македонската репрезентација, ќе ги носам во чест и сеќавање за сите што ги загубивме на 16.03.2025 година, за сите кои се уште се борат за своите животи и за сите семејства.
Нека почиваат во вечен мир упокоените души, сите мои молитви за повредените – стои во објавата на Миовски на Инстаграм.